Денес Зоран Заев промовираше уште еден проект започнат од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е гасоводот Скопје – Тетово – Гостивар.
Овој проект во месец март 2017-та година беше започнат од владата на ВМРО-ДПМНЕ и требаше да биде готов пред една година поточно во 2019-та година. Парите за тој гасовод беа обезбедени од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, а единствената заслуга на владите на Заев е тоа што овој проект е закочен и се касни една година за негово финиширање.
Му благодариме на Заев што ги промовира проектите на Владите на ВМРО-ДПМНЕ и би му препорачале да не касни со нивната реализација. Доколку не беше каснењето на Заев од една година ќе можеше да се спроведе планираното од владите на ВМРО-ДПМНЕ и да се започне и следната фаза на градба на гасоводот до Кичево со кој и граѓаните и компаниите од оваа општина ќе добијат природен гас.
На неспособната влада на СДСМ, владите на ВМРО-ДПМНЕ им оставија и гасоводи Штип, Неготино каде градежните работи денес се во стагнација, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.