Вработените во Форд во Русија започнале активносто поради планот за затварање на фабриката на оваа компанија, што би значело и прекин на работата.
Шефот на синдикатот, Михаил Сергеев, кој претставува третина од вработените во фабриката изјавил дека ќе се намали производството се додека Форд не започне да преговара за условите под кои ќе си заминат вишокот на вработени.
Сергеев изјавил дека неговиот синдикат бара поголеми отпремнини за оние што се вишок, што би соодветствувало со двојна годишна плата на работниците. Синдикатот исто така планира да се обрати на менаџментот на компанијата во САД со цел да ги вклучи во решавањето на овој спор.
Comments are closed for this post.