На врвот се задржа сопственикот на Амазон , Џеф Безос со 131 милијарда долари, втор е основачот на Мајкрософт , Бил Гејтс со 96 , а инвеститорот Ворен Бафет е на третото место со 82 милијарди долари . Основачот на Фејсбук , Марк Зукерберг е на осмото место.

Според листата што ја објави денеска „Форбс“, богатството на 55-годишниот Безос се зголемило 19 милијарди долари само последнава година и достигна до 131 милијарда долари. Безос во последно време често беше цел на таблоидите поради најавите за развод.

Богатството на 63-годишниот Бил Гејтс, кооосновачот на „Мајкрософт“, малку поскромно порасна и достигна до 96,5 милијарди долари во споредба со 90 милијарди долари минатата година.

Трет на листата на најбогатите е 88-годишниот Ворен Бафет, чие богатство се намали 1,5 милијарда долари, на 82,5 милијарди долари.

Магазинот пишува дека годинава рекордни 993 милијардери го изгубиле своето богатство. Моментално на светот има 2153 милијардери , за 55 помалку од 2018.

Најмногу милијардери има во САД , 607 , потоа во Кина 324 , па во Германија 114 , во Индија има 106 милијардери и во Русија 98.