Земјоделец од селото Вејце останал без своите околу 100 овци откако, најверојатно, волци го нападнале стадото ноќта помеѓу неделата и понеделникот. Тој за случајот го известил и Секторот за внатрешни работи во Тетово.
Во СВР Тетово, Џ.Џ.(52) од тетовското село Вејце пријавил дека во периодот помеѓу 28 и 29 септември во атарот на селото Бозовце дивеч, најверојатно волци, му усмртиле 40 овци. Од останатите, 15 биле повредени, а 40 избегале и воопшто не се вратиле во неговото стадо. Извршен бил увид, соопштија денес од тетовската полиција.
Comments are closed for this post.