Европската централна банка објави економски билтен во кој предупредува на влошените ризици за глобалната економија.

Во него се наведува дека личната потрошувачка во светот е добра заради стабилниот пазар на трудот. Но, во вториот квартал од оваа година падот на индексот на производствена активност ќе има негативно влијание врз изгледите за индивидуална потрошувачка. Во исто време, заради зголемена неизвесност и построги услови за финансирање, се забележува стагнација на растот на глобалните инвестиции.

Во билтенот исто така се вели дека континуираната неизвесност го попречува развојот на еврозоната, особено растот на секторот производство.