Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ очајно шири лажни вести додека се случува историскиот успех со потпишувањето на Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО.Токму ВМРО-ДПМНЕ за 11 години тројно го зголеми јавниот долг заради остварување на криминални интереси за лично богатење на поединци, велат од СДСМ.
За разлика од таквиот однос, Владата предводена од СДСМ преку одговорно и домаќинско управување со финансиите успеа да го стабилизира јавниот долг, а парите да ги пренасочи кон граѓаните и нивните потреби.
Фреквенцијата на аукции е намалена двојно, од четири пати месечно на два пати во еден месец , значително се намалени каматните стапки на аукциите, а јавниот долг изнесува 47.8 отсто од БДП, а не над 50 како што лаже ВМРО-ДПМНЕ.
Се повеќе пари завршуваат кај граѓаните а граѓаните точно знаат за што се трошат нивните пари.ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со успешните економски политики на Владата.
Бројни економски показатели докажуваат дека економијата е стабилизирана и поставена на здрави основи.
Растат платите, невработеноста опаѓа, расте извозот и индустриското производство, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните и стопанството.
Наместо во очај да шират лажни вести, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нека учат како се работи одговорно со јавните финансии и во корист на граѓаните.
Comments are closed for this post.