Шеесет и пет домашни средни, мали и микро компании денеска добија грантови во висина од 13 милиони евра преку мерките од третиот столб на владиниот план за економски раст. Во вториот бран финансиски договори со проекти конкурирале компаниии од 16 различни индустрии, меѓу кои, енергетиката, машинството, земјоделието, здравството од сите делови на Македонија.
Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски, кој заедно со премиерот Зоран Заев и со вицепремиерот Кочо Анѓушев ги доделија грантовите, рече дека овие проекти ќе ангажираат 385 лица од кои 85 нови вработувања.
Вицепремиерот Кочо Анѓушев, обраќајки се пред присутните рече дека единствен начин македонската економиија да биде конкуретна надвор од границите е да бидат продуктива, притоа потенцирајќи дека за тоа постојат три предуслови, пристап до современи технологии, да работи со тие технологии и организациони способности.
Премиерот Зоран Заев рече дека поддршката која се дава за отварање на Центрите за технолошки развој и иновации, освен што во голема мера го потикнале технолошкиот развој, ја разбудила и креативноста на компаниите со што станале поконкурентни на пазарите во регионот.
Comments are closed for this post.