Компанијата „Disney“ го заврши превземањето на забавната програма на  „21st Century Fox“, во  вредност од 71 милијарда долари и под еден корпоративен покрив ги обедини франшизите на Пепелашка, Симпсонови и Војна на звездите.

Компанијата „Walt Disney“ го  заврши купувањето по  полноќ, пренесува  британски „Гардијан“.

Како дел од договорот, Disney  ќе ги апсорбира филмските и телевизиските студии на „Fox“, потоа тв мрежите „F X“, „National Geographic“, и индиската тв станица „Star India“.

Ова е извонреден и историски момент за нас  што ќе создаде значајна долгорочна вредност за нашата компанија и нашите акционери“, рече Робер Игер, извршен директор и извршен директор на Disney.