Забраната за увоз на порибителен материјал во земјава не се однесува само на Косово, туку и на сите држави кои немаат спроведено мониторинг и немаат гаранција дека материјалот што ќе се внесе кај нас е здравствено исправен, порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски.
Од Косово може да влегува свежа риба во земјава што веднаш се дистрибуира во маркети и во рибарници, но забрана има за порибителниот материјал, односно за икра и млади риби. Причината за вовоедувањето на забраната од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) е тоа што Република Северна Македонија веќе се подготвува и многу брзо ќе добие дозвола за извоз на свежа риба на европскиот пазар, рече Димковски во одговор на прашање по денешното потпишување на договори за набавка на приплоден добиток во Платежната агенција.
Тој посочи дека веќе има комуникација меѓу претставниците на АХВ и косовските власти и посочи дека нема да има проблем за увоз на порибитилелен материјал од соседната земја доколку направат мониторинг на се она што го произведуваат.
За заканите за реципроцитет од косовска страна и забрана за увоз на производи од земјава, Димковски рече дека верува оти не е нешто што не може да се надмине.
Сме имале и поголеми проблеми во минатото кога на една листа имаше 25 производи. Верувам дека со дијалог се ќе се надмине, но треба да се има на ум и ставот на АХВ дека мора да внимаваме при увоз на живи животни, во овој случај икри и мали риби, да бидат докажани и здравствено исправни за да немаме проблеми ка нас, потенцира Димковски.
Comments are closed for this post.