Реалноста во Македонија е дека над 65 проценти од вработените работат за месечна плата помала од 25 илјади денари, огромен број граѓани ги изгубија своите работни места, претежно ниско платени и дека состојбата во економијата е навистина лоша. Ова го истакна Гордана Димитриеска Кочоска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина насловена „Промоции на политики – Македонија за сите луѓе“ која што се одржа во општина Карпош.
Во однос на последните објавени податоци за просечната плата од страна на Државниот завод за статистика која 28.721 денари, таа истакна дека иако од страна на власта постојано ветуваат просечна плата од 500 или повеќе евра, реалноста во Македонија е тоа што во државата постои фрапантна бројка на лица која земаат далеку потпросечна плата од онаа што во јавноста се лиферува.
Кочоска истакна дека власта многу добро знае дека над 65 проценти од вработените во државата земаат плата под 25 илјади денари, но тие оваа бројка ја кријат од јавноста.
-Ако ги погледнеме податоците на лицата, вработени кои што земаат плата, а при тоа се пријавени и со пензиско и здравствено осигурување, ќе видиме еден фрапантен податок. Односно, повеќе од 65% од овие лица имаат плата пониска од 25 илјади денари (25.000). Повторувам, 65 проценти и повеќе имаат плата помала од 25 илјади, а ние зборуваме за просечна нето плата во Македонија од 28 илјади денари, истакна Димитриеска Кочоска.
Таа потенцираше дека состојбата во македонската економија е лоша и дека во периодот откако почна пандемијата неколку десетици илјади македонски граѓани ги изгубија своите работни места. Кочоска додаде дека оние кои ги загубија својата работа, претежно имаа ниско платени работни места, нешто што придонесува за вештачки покачување на просечната плата затоа што на тие не го изгубија работното место не им е покачена воопшто платата.
Comments are closed for this post.