Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска на главна седница ќе донесе конечна одлука за цената на електрична енергија, што ќе биде во важност од 1 јануари следната година.
Се чекаат и забелешките што ќе бидат доставени во писмена форма од енергетските компаниии, кои ќе бидат разгледани на главната седница и ќе биде донесена конечната одлука.
Новата цена на струјата за корисниците на регуларниот пазар ќе важи во првите шест месеци од наредната година. Сите енергетски компании веќе побараа зголемување на цената на електричната енергија.
Comments are closed for this post.