Дебата на тема „Финансиското работење на државните претпријатија под лупа“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Центарот за граѓански организации.

На дебатата ќе се претстават и ќе се дискутира за наодите од изготвената финансиска анализа на работењето на 30 најголеми претпријатија. Станува збор за претпријатија, основани од државата и од единиците на локалната самоуправа, чиишто вкупни приходи во 2018 година изнесувале 45 милијарди денари, односно 737 милиони евра и во кои на крајот од минатата година работеле вкупно 22.864 работници.

Анализата ги детектира состојбата и успешноста во работењето на сите 30 претпријатија заедно и за секое од нив поединечно за периодот 2015 – 2018 година. Ова е прва ваква анализа којашто на едно место ги сумира информациите за финаниското работење на претпријатија.

На дебатата ќе се говори и за мерките што ќе се преземат во насока на зголемување на антикорупциските напори во државните претпријатијата.