Премиерот Зоран Заев, на денешната прес-конференција рече дека тврдењето на прехранбениот сектор дека производите ќе поскапат за 50 отсто – е претерано.
По ваквата изјава се поставува прашањето дали Заев влегол во маркет да ги види цените на основните производи кои се потребни на секое домаќинство како зејтин, брашно, месо, леб….
– Претерано е кажувањето за поскапувања од 50 отсто. Инфлацијата кај нас е контролирана и е до 2,7 проценти. Чувствително е кога инфлацијата ќе надмине 10 проценти. Ние не можеме да бидеме изолирани од светот, затоа што сме отворен пазар, поврзани сме и зависни од европските пазари. Цената на струјата е главен показател за покачување на цените на производите, но таа учествува на просечно ниво не повеќе од три проценти. Берзанските цени на струјата ќе имаат одредено влијание на цените на продуктите, но 2,7 проценти инфлација е контролирачка. За сè што ќе ги надмине очекувањата, Владата е тука – рече Заев, оценувајќи дека сериозно е зајакната ликвидноста и солвентноста на државата, што, како што вели, е доказ дека постепено излегуваме од кризата.
Comments are closed for this post.