Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) за утре најавува протест во Прилеп барајќи зголемување на платите во јавниот сектор, усогласеност со минималната плата и исплата на К-15 во јавниот сектор. КСС бара и работа без притисок и мобинг, почитување на законите и колективните договори и почитување на социјалниот дијалог.
Почнуваме во Прилеп да го искажаме нашето незадоволство, но доколку не отпочат преговори за покачување на платите во јавниот сектор и додека не се откаже Владата од трансферот на вработени од јавниот во приватниот сектор, ќе продолжиме и понатаму, истакна претседателот на КСС, Благоја Ралповски на денешната прес-конференција.
Барањата, како што посочи, се доставени до надлежните министерства и до Владата, но досега нема никакви преговори. Од Синдикатот се пожалија на опструкции за утрешниот протест од страна на некои институции кои, како што рекоа, утре организираат обуки за вработените на кои присуството е задолжително.
Comments are closed for this post.