Намалување на сивата економија и корупцијата, воспоставување еднакви правила на игра, ефикасен судски систем и спроведување на договорите, стабилизирање на макроекономското опкружување, транспарентен и предвидлив даночен систем и ефикасна даночна администрација.
Ова се приоритетни реформи што треба да обезбедат подобра бизнис клима во Македонија, според оценката на анкетираните компании со истражувањето за бизнис климата во Македонија во 2018 година, што трета година се спроведено преку проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“.
Според истражувањето, лани 43 проценти од фирмите биле вклучени во носењето на бизнис регулативата, наспроти 28 проценти во 2016 година. Најчесто им биле вршени инспекциски надзори од Управата за јавни приходи, по што следат Државниот инспекторат за труд и Пазарниот инспекторат, а на половина од фирмите при инспекциите им биле изречени опомени. Приближно 70 проценти од големите и средните компании рекле дека го зголемиле бројот на вработени, а од микро и од малите фирми зголемување на бројот на вработени има кај 31, односно 54 проценти.
Шеесет и два процента од компании сметаат дека државата недоволно го поддржува бизнисот преку регулативата, 21 процент се задоволни од таквата поддршка, 14 проценти рекле дека изостанува, а три проценти дале одлична оценка.
Шеесет и девет проценти од големите фирми, пак, оцениле дека Макеоднија не ја променила деловната политика за инвестирање наспроти Западен Балкан, а по 17 проценти рекле дека климата за инвестирање е подбрена односно влошена.
Гречен Биркл, вршител на должноста претставник на канцеларијата на УСАИД во Македонија, посочи дека преку Комисијата за јавно-приватен дијалог во декември лани коморите доставиле 38 препораки за подобрување на регулативата во градежништвото и урбанистичкото планирање, јавните набавки, туризмот, управување со отпадот.
Со истражувањето се опфатени 518 компании од четирите комори во Македонија, наспроти 177 што биле анкетирани во 2016 година, што, според носителот на проектот, е показател дека се зголемува довербата на бизнисот оти нивниот глас ќе биде слушнат. Од 518 анекетирани компании од областите текстил, земјоделство, ИКТ, туризам, градежништво…, 85 проценти се домашни, осум проценти во мешовита сопственост, а седум отсто со странски капитал. Според големината 33 проценти се микро компании, 42 процента мали, 20 проценти средни, а шест проценти големи компании.
Comments are closed for this post.