Одгледувачите на овци од Македонија одржуваат мирен протест пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство поради,како што велат, алармантната состојба во овчарството.
Тие побараа средба со министерот, Љупчо Николовски, за да го искажат својот став оти откупната цена на јагнињата е пониска од производната, а минимални се и субвенциите за плодна овца и оставено женско јагне.
Речиси веднаш откако дојдоа пред министерството, претставници на овчарите беа примени од Благојче Веселиновски, советникот за сточарство на министерот, кој за МИА изјави дека барањето на одгледувачите на овци ќе бидат разгледани, но ќе биде презентирана уште еднаш и поддршката што ја дава МЗШВ во овој сектор.
Овчарите се жалат дека се дојдени на работ од егзистенција зашто секоја година се соочуваат со загуби од 2.000 – 5.000 евра.
Од Министерството најавуваат дека Николовски денеска ќе има средба со овчарите.
Протестот го поддржуваат Националното здружение на овчари, Регионалното здружение на западна Македонија, Земјоделското здружение „Агро центар“ – Велес, „Орлови бари“ – Битола и „Рудо јагне“ – Прилеп.
Comments are closed for this post.