Британската фунта падна нагло под 1,20 американски долари, што е на најниско ниво од октомври 2016 година, среде  хаосот околу Брегзит.

Негативното влијание е како резултат на зголемените шпекулации  дека премиерот Борис Џонсон ќе бара предвремени избори во Велика Британија.

Пред денешните клучни дебати во Долниот дом, фунтата падна за 0,6% на 1,19 американски долари, паѓајќи под психолошката бариера од 1.20 за прв пат од почетокот на 2017 година и го достигна своето најниско ниво од октомври 2016 година.

Голем број аналитичари велат дека британската фунта може да остане под притисок од продажбата, без оглед на исходот од клучните дебати оваа недела во парламентот на земјата.