,Жените како лидери во општеството носат позитивни промени и покрај сите предизвици со кои се соочуваат како нееднаква плата, ограничен пристап до лидерски позиции и системски бариери. Но, и покрај овие предизвици, ние продолжуваме да се издигнуваме, да ги поместуваме границите и да го бараме нашето вистинско место во иднината што и ние ја обликуваме” порача министерката за енергетика Сања Божиновска на Женскиот економскиот форум- Балкан 2024.
Министерката посочи дека бројките сè уште покажуваат дека жените се недоволно застапени на клучните, одлучувачки позиции, позиции со одговорности и со висока компетентност, а учеството во работната сила заостанува зад европскиот просек. Во земјите од Западен Балкан, учеството на женската работна сила е едно од најниските во Европа.
Божиновска сподели и искуство од нејзиното патување во професионалната кариера надвор од Македонија, на кое имало бариери со кои се соочуваат многумина – бариери на сомнеж, родова пристрасност и отпор кон промените.
,,Кога станав министерка за енергетика, брзо сфатив дека овој сектор – како и многу други – беше сектор во кој жените беа недоволно застапени. Но, секој од овие предизвици само ја поттикна мојата решеност. Знаев дека лидерството не е поседување на титула, туку преземање на акција. Научив дека лидерството не е за позиција, туку за одговорност и резултати, и како жени, мораме постојано да притискаме за промени, не само за себе, туку и за секоја жена која гледа на нас и верува во подобра иднина.Нема да чекаме да се случи промена, ние ќе ја предизвикаме промената, ќе бидеме промена” истакна министерката.
На Форумот кој се одржува во Скопје, успешни и инспиративни жени од политиката, бизнисот и академската заедница испратија моќни пораки за важноста на жените да се мотивираат и да се поддржуваат меѓусебно. Учество земаа 300 бизнис-лидери, претприемачи, активисти, истражувачи и академици од Португалија, Индија, Египет, Турција, Хрватска, Словенија и од земјите од Западен Балкан. Настанот е дел од глобалната франшиза на Women Economic Forum (WEF) и глобалната мисија Г100 Милион.
Comments are closed for this post.