Вицепремиерот Фатмир Битиќи, соопшти дека платата за февруари ќе биде покриена, а Законот за државна помош за исплата на февруарската и мартовска плата треба да биде изгласан следната недела.

Февруари ќе биде покриен со плати, а за другото одговорот треба да го дадат пратениците во Собранието. Јас знам како би постапил да сум на нивно место.Време за политика ќе има кога ќе живеееме подобро, кога нема да има притисок од здравствената криза. Треба да се работи на нови законски решенија, нови мерки за поддршка, рече Битиќи.

Тој очекува наредната недела, за кога е закажана собраниска седница – на 23 март, да биде утврдена потребата за донесување на законите за економските мерки, така што граѓаните и стопанствениците набрзо ќе ја добијат поддршката.