Во Градот Скопје во делот на производство на леб, четири, максимум пет компании се здружени и утврдуваат цени по кои дистрибуираат и продаваат леб во големите супермаркети, смета министерот за економија Крешник Бектеши.
Вели дека тоа е негов личен став и ја повикува Комисијата за заштита на конкуренцијата да го испита случајот.
Во внатрешноста на земјава, додава, цените се пониски од 32 денари.
Како Министерство за економија таква работа нема да дозволиме додека имаме механизми да постапиме согласно Законот за трговија. Тука нема ништо спорно, имајќи предвид дека е дециден членот 29 и членот 30 – дека во одредени ситуации Министерството за економија може да ѝ предложи на Владата вакви ограничувања или обврски, и дека една од мерките може да биде замрзнување или определување на највисока цена за одреден производ, вели Бектеши во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Comments are closed for this post.