Не се знае која банка ќе го врши платниот промет во поштенските филијали, а што е поважно не се открива ни дали избраната банка ќе овозможи плаќање на комуналните сметки без провизија, како што тоа го правеше Поштата, пишува Слободен печат.
Во меѓувреме, граѓаните редовно си ги плаќаат сметките, па иако се клиенти на банките, им се наплаќаат провизии. Откако пред две недели, НЛБ Тутунска објави дека ги зголемила тарифите, тоа го стори и Стопанската банка АД Скопје. Па, така, сега наместо 20 денари провизија за плаќање на режиските трошоци, двете банки им наплаќаат на своите клиенти по 30 денари од сметка.
Граѓаните се револтирани од ваквиот однос, кој месечно од џебот им извлекува солидна сума. На пример, за 5 комунални сметки, сега ќе треба да платите плус 150 денари, наместо досегашните 100.
Comments are closed for this post.