Министерството за транспорт и врски остро реагира на информациите изнесени на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ во однос на изградбата на автопатот Кичево – Охрид.
Според Министерството, апсолутно не се точни тврдењата дека не се работи на изградбата на автопатот. Делницата Кичево – Охрид ќе биде изградена во најоптимален рок, но оваа Влада по секоја цена нема да прави штетни договори. ЈП за државни патишта во меѓувреме, активно работи на продолжување на договорот со иведувачот, но со договорот мора да бидат заштитени граѓаните, парите на граѓаните и државните интереси.
-И по неколку години, штетите направени од ВМРО-ДПМНЕ со лошите проценки, погрешното проектирање и високите договорни цени за автопатот Кичево – Охрид не може да се надоместат. Штетите веќе ги трпат сите граѓани и државата. Апсолутно не се точни тврдењата дека не се работи на изградбата на автопатот. За само две години, процентот на изградба на автопатот се зголеми за околу 40 проценти од основниот договор, што претставува силен прогрес, имајќи предвид штетите што беа наследени од ВМРО-ДПМНЕ. Автопатската делница Кичево – Охрид ќе биде изградена во најоптимлен рок, но оваа Влада по секоја цена нема да прави штетни договори како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ за што сега се водат судски постапки, наведува Министерството.
Comments are closed for this post.