Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, во емисијата Топ Тема на Телма, оцени дека враќањето на рамниот данок е предизборен популизам и уште една потврда за погрешните економски политики на СДСМ.

Три години СДСМ води погрешна економска политика. Се гледа јасен очај, сите анкети покажуваат дека граѓаните не живеат подобро и компаниите не работат подобро, а новата министерка Ангеловска слуша наредби од Заев и Анѓушев и на некој начин е жртвено јагне за спроведување на политиките кои наидоа на негирање од нејзиниот претходник Тевдовски, рече Арсовски.

Според  директорот на ФИТР,  Јован Деспотовски пак, одлуката за одложување на прогресивното оданочување не е популистичка, туку базира на анализи направени во Министерството за финансии. Нема ништо спорно ако воведете некаква мерка, а потоа увидите каков ефект има и решите да ја смените, рече Деспотовски.