Народот зема плата минималец од 15.000 денари или воопшто не зема заради корона кризата, здравствената и економска криза. А, функционерите на СДСМ земаат плати од илјадници евра, ама молчат и ги игнорираат прашањата на граѓаните, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Додека Заеви купуваат луксузни вили, директорите на СДСМ земаат илјадници евра плати. Повторно сакаме јавно да прашаме и да потсетиме уште еднаш за висината на платите на функционерите од редовите на СДСМ, иако тие молчат и сакаат да ја скријат висината која што ја земаат на платата од народните пари, односно од парите на граѓаните. Денес повторно ќе го прашам личниот пулен на Зоран Заев, тоа е претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимоски за висината на неговата плата. Бидејќи Бислимоски упати јавен демант и барање за извинување преку медиуми, но и до мене лично, а молчи и не кажува јавно на граѓаните колкава плата зема за неговата работна обврска, а тоа е да им ја поскапи струјата на граѓаните, не само што нема да се извинам бидејќи го прашав во името на граѓаните, туку ќе го прашам уште еднаш и јавно барам да им се извини на граѓаните што молчи неколку денови за висината на неговата плата, истакна тој.
Арсовски јавно прашува: Колкава плата зема Марко Бислимоски како претседател на Регулаторна комисија и како човек кој по наредба на Зоран Заев им ја поскапи струјата на граѓаните во ек на економска и здравствена криза?
Дали Марко Бислимоски зема плата околу 2.000 евра? Ако Марко Бислимоски вели дека не зема 130.000 денари плата, тогаш зошто не каже јавно на граѓаните, да ги извади јавно платните изводи, бидејќи е функционер и велат дека се транспарентни како Влада, еве има шанса да се покаже дека е транспарентен и да им покаже на граѓаните колкава плата има земано изминативе година дена. Не повеќе еве изминативе година дена. Внимавајте, зема плата во илјадници евра, а ја покачува струјата на граѓаните. Зема плата од парите на граѓаните и им ја покачува струјата на граѓаните. Зошто? Дали е тоа за да има огромни плати за директорите предложени од СДСМ? Еве уште еднаш јавно да прашаме. Дали Томислав Тунтев како директор на Агенција за цивилно воздухопловство, инаку кадар на СДСМ претходно и пратеник на СДСМ, зема месечна нето плата од околу 3.000 евра или месечно нето плата од околу 180.000 денари, секој месец? Еве сакаме и јавно да прашаме дали и директорот предложен од СДСМ во Јавното претпријатие за стопанисување со јавен станбен и деловен простор, инаку познато народски помеѓу граѓаните како ПУИГ, Кристијан Трајковски, зема основица плата над 75.000 денари, плус бонуси и додатоци вклучени во менаџерскиот договор? Колкава е целата сума на менаџерскиот договор на директорот на ова јавно претпријатие кое тоне во долгови и е практично пред пропаст? СДСМ и директорите на МЕПСО се уште молчат дали земале, односно се уште зема плата директорката на МЕПСО, Шуклева од 110.000 денари, секој месец? Зошто СДСМ, Бислимоски, Тунтев, Шуклева молчат за висината на нивните плати? Зошто не се транспарентни и да ги покажат јавно? Дали молчат поради срамот дека граѓаните овие месеци земаат минималец или воопшто не земаат плата од приватните компании, а тие земаат полни плати во висина од илјадници евра, истакнува тој.
Арсовски порачува дека фер е народот да знае колкави плати земаат кадрите на СДСМ, додека државата тоне во сиромаштија и додека граѓаните земаат едвај минималец плата или не земаат воопшто.
Од една страна тонеме и крахираме како држава на секое поле, од друга страна функционерите на СДСМ земаат огромни плати и се богатат. Деновиве, граѓаните ќе имаат прилика да дознаат уште повеќе за луксузот на функционерите од СДСМ и власта, истакна тој.
Comments are closed for this post.