Граѓаните во Република Македонија се повеќе осиромашуваат откако СДСМ е на власт. Горивата достигнуваат највисоки цени, а власта не се откажува од зголемувањето на акцизата од 3.5 денари за дизел дериватите.
Кога СДСМ дојде на власт дизелот се продаваше на бензиските пумпи по 46 денари за литар, додека пак сега истиот се продава по цена од 62,5 денари за литар, обвини денеска портпаролот на ВМРО- ДПМНЕ Димче Арсовски.
Заев и Пендаровски, вели Арсковски не водат сметка за граѓаните, тие се водат по максимата на Мира Дизел, која зема по 20 илјади евра за патни трошоци и се исмејува со граѓаните дека сиромашните всушност и не возат.
Comments are closed for this post.