Лошото работење и лошите политики на владата на СДСМ се резултат на оставање над 500.000 сиромашни луѓе во Република Македонија како и рангирање на 84-то место според конкурентност на листата на Светскиот економски форум.
Република Македонија оваа година според Светскиот економски форум според конкурентноста се наоѓа на 84 место, односно на дното на Европа. Пред само 2 години Република Македонија беше за околу 20-тина места повисоко на листата. Светскиот економски форум Република Македонија во категоријата институции ја рангира на 85 место, изјави на прес конференција Димче Арсовски
Република Македонија за жал е еден од лидерите во светот според недоверба во судството, односно од 140 земји се наоѓа на 128 место во категоријата независно судство. Ова само покажува како светот гледа на расцветаното судство на Зоран Заев кој управува со него и врши политички прогони врз кого сака. И организираниот криминал цвета во Република Македонија. Во категоријата организиран криминал Република Македонија меѓу лидерите во светот кои имаат најразвиен организиран криминал и e помеѓу во првите 10 земји во светот со најразвиен организиран криминал. Своевремено пред да дојде СДСМ на власт Македонија беше на врвот на листата на „Дуинг Бизнис“, а сега на врвот на листата според организиран криминал и заробено судство во светот. Замислете, од 140 земји ние сме на 131 место според организираниот криминал, изјави Арсовски
Впрочем и не гледам како поинаку би биле рангирани кога на чело на Република Македонија е криминален картел каде што главни се Вицето, Зоки, Кочо иноваторот, Боро Малборо и останатите од СДСМ.
Според довербата во полициските сили исто така сме длабоко на дното на 110 место, односно ние сме со најголема недоверба во полицијата помеѓу граѓаните. А, не знам и како би биле повисоко, кога приватизираната полиција на Оливер Спасовски ја претвори Република Македонија во бојно поле, убиства се случуваат на секој чекор, а ниту едно од тие убиства и тие случаеви не е разрешено.Според слобода на медиумите исто така сме на дното на листата на 89 место. Дури и Сиера Леоне е пред нас, рече Арсовски.
За жал, СДСМ ја заринка Република Македонија на дното на листата на Извештајот на Светскиот економски форум и сите соседи се далеку пред нас. Ние на чело со СДСМ останавме последни.
Ова е доказ за економските политики на владата, ова е доказ за криминалот на владата кој владее на секој чекор помеѓу функционерите на СДСМ во Владата, ова е доказ дека СДСМ не работи ништо корисно за Република Македонија и за граѓаните. Затоа, што побрзо СДСМ си замине од власта во Република Македонија, толку побрзо ќе се врати на вистинскиот и правиот пат кон европските вредности, потемцира Арсовски
Comments are closed for this post.