Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев се повлекува од политиката, и после изборите, без оглед на нивниот исход, ќе им се врати на своите компании и на Машинскиот факултет каде што предаваше.
„Кога прифатив да бидам дел од Владата моите намери беа најчесни, со знаењето што го имав стекнато да и помогнам на државата. Но, за овој период приходите во моите компании опаднаа, а и профитите, некаде и до 50 отсто. Тоа не е само заради неучеството на тендерите, туку и заради моето отсуство. Ќе си го доработам мандатот, но бидејќи не сум член на ниедна партија, нема да продолжам со политиката во перспектива“, рече Анѓушев
Comments are closed for this post.