Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев при денешната посета на стопанските капацитети во Свети Николе забележа дека економијата не оди во надолна линија, туку според него бројките кажуваат дека оди токму во нагорна линија.

Како што истакна Анѓушев, вториот квартал во 2018 година спореден со вториот квартал во 2017 година имало раст од 3,1 отсто, остварен при пад на градежништвото од 17 проценти. Според него растот е одраз на реалната економија.

Анѓушев очекува дека градежништвото со раздвижување на проектите пред се автопатот Кичево-Охрид, железницата кон Бугарија, гасоводот, ќе го врати растот на нормалното ниво.