Дали Регулаторна комисија за енергетика овозможува милионска добивка?, пишува заменик народниот правобранител Јован Андоновски,
Во услови на здравствена и економска криза, Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) им овозможи на ЕВН (ЕВН Македонија, ЕВН Хоум и ЕВН Дистрибуција) милионска добивка. Ако формално РКЕ ја зголеми цената на електричната енергија за 10%, сметките на корисниците пораснаа за многу повеќе од предвиденото.
Сите станавме свесни за давачката за пренос и дистрибуција откако РКЕ ја издвои како посебна ставка во сметката. И до тука нема ништо спорно. Спорно е што оваа давачка беше зголемена многукрано во изминатиот период. И, ако за секое едно менување на цената на струјата, парното греење, водата или горивата, РКЕ педантно ја информираше јавноста, за промената на цената за пренос и дистрибуција немаше такво известување, а за да дојдете до такво сознание, треба да „чепкате“ на веб страната на РКЕ.
Дали давачката за пренос и дистрибуија е нормативно регулирана? Да. Дали е оправдана да биде толку зголемена? Не. Со тоа зголемување практично на товар на граѓаните и стопанството се билдал профитот на ЕВН и делумно МЕПСО. Па така, ЕВН Македонија завршила во 2022 година со нето добивка од 266.610.275,00 денари или 4,33 милиони евра. ЕВН електроснабдување завршиле со 549.282.907,00 денари или 8,93 милиони евра нето добивка, а ЕВН Хоум со 547.784.900.00 денари или 8,9 милиони евра нето добивка. Лично немам против било која фирма да работи со добивка! Но,…како слободна пазарна економија, секоја една фирма може да биде и на „нула“, а ако пазарот така диктира, може да биде и во загуба.
Дали РКЕ им овозможи „компензација“ со зголемувањето на оваа давачка за пренос и дистрибуција, на скриен начин да бидат во позитива? За ова, треба некој да даде одговори и да понесе морална одговорност.
И приватизацијата во деведесетите години беше спроведена согласно закон, ама беше неправична. Озаконетата давачка за пренос и дистрибуција не е спорна, но не треба да биде на товар на граѓаните и стопанството.
Comments are closed for this post.