Во првиот квартал „Ербнб“ забележа годишен пораст на резервациите за 31%. На овој начин, преку платформата поминале 9,4 милијарди американски долари. Ова е добар знак за компанија која сака да привлече инвеститори бидејќи планира да излезе на берза , пренесува Ројтерс.
Компанијата со седиште во Сан Франциско регистрираше 91 милиони резервации преку својата платформа за првиот квартал, што доведе со скок на обртот. Минатата година, нејзините приходи пораснаа за 40% во однос на претходната година. Од 31 март годинава, компанијата имала 3,5 милијарди американски долари во резерви на готовина, според познат извор на агенцијата.
Компанијата се соочи со голем број предизвици последниве месеци. Една од пречките за активноста на „Ербнб“ беа европските регулатори. Сепак, во јули годинава, Европската комисија објави дека американската компанија веќе целосно ги исполнува барањата на Брисел.
Comments are closed for this post.