Највисоките просечни плати во регионот се во Словенија и Хрватска, а најниски се во Македонија, Албанија и Србија.
Просечната нето плата во Словенија изнесува 1.108 евра . Просечната плата во Словенија е двојно повисока од просечната заработка во речиси сите земји од регионот на Балканот, освен Хрватска, уште една членка на ЕУ, каде просечната плата изнесува 873,9 евра.По неа следи Црна Гора, каде изнесува 511 евра.
Најниски просечни плати се во Македонија и Албанија, додека во Србија и Босна и Херцеговина се малку над нив. Во БиХ просечната плата е 469 евра, а во Србија 454 евра.
Последните достапни податоци од Инситутот за статистика на Албанија покажуваат дека просечната плата во оваа земја изнесува 423 евра. А најновите статистички податоци на Заводот за статистика на Македонија покажуваат дека просечната плата во земјата изнесува 409,8 евра.
Comments are closed for this post.