Успехот во бизнисот во голема мера се должи на личноста на луѓето што ја водат. Квалитетите и особините на личноста откриваат дали едно лице несвесно создава повеќе штета отколку бизнис бенефиции. “Entrepreneur Europe“ ги претстави следните 11 особини на личноста кои негативно влијаат врз бизнисот:
1. Ниска емоционална интелигенција – е токсична за бизнисот, како што влијае на сите со кои се поврзувате. Емоционалната интелигенција ви помага да дознаете за другите што ги мотивира, а истовремено создава чувство на кохезија во работата.
2. Хронични сарказам – во мали дози може и да биде забавен од време на време, но ако често изразувате саркастични коментари, ненамерно може да креирате токсична работна средина.
3. Недостатокот на флексибилност – секоја успешна компанија треба да биде флексибилна и да наоѓа креативни решенија во неочекувани ситуации.
4. Нетрпеливост – може да доведе до избрзани одлуки што му наштетуваат на бизнисот.
5. Да бидете суперконтролор – чувството за перфекционизам води до сериозни разочарувања кога работите не одат според планот.
6. Недостаток на емпатија – Емпатијата помага на другите да се чувствуваат ценети поврзани и разбрани, правејќи клиентите со поголема веројатност да останат лојални, а вработените се повеќе склони да работат напорно.
Други негативни персонални карактеристики кои имаат погубно влијание врз успешниот бизнис наведени од Entrepreneur Europe се: недовербата, постојаните поплаки, нарцизам.
Comments are closed for this post.