Во однос на минатогодишната ситуација и „картелското здружување“ на повеќе маркети во државата,  вицепремиерот Николоски потсети дека тоа на крајот го потврдила и Комисијата за заштита од конкуренцијата, нагласувајќи дека „лани јасно беше дека се работи за шпекулативно однесување“.

-Оваа година веќе е внесена, односно е од надвор целата оваа криза, но повторно има шпекулативно однесување. Повторувам, конфликтот таму траеше нецели четири недели, а од ден за ден дека толку можат да се менуваат цените и дека никој нема залиха во магацините и дека од ден за ден ја купуваат робата и ја продаваат на граѓаните. Тоа е надвор од било каква економска логика и јасно е дека имаше шпекулативно однесување – изјави Николоски.