На денешната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет почнува разгледувањето на Предлог на буџетот за 2027 година, во второ читање. Комисиската расправата за буџетот трае 10 дена, од кои најмногу четири дена за општ претрес и шест дена за амандмани. За Предлог-буџетот поднесени се над 300 амандмани од овластени предлагачи.
Во Предлог буџетот за 2027 година, вкупните приходи се планирани на ниво од 395,4 милијарди денари, што е 5,7 отсто повеќе споредено со 2026 година, додека вкупните расходи се проектирани на 440,4 милијарди денари, што е за 4,8 отсто споредено со 2026 година. Буџетскиот дефицит е планиран на 45 милијарди денари, односно 3,5 отсто од БДП, и е во согласност со Фискалната стратегија за периодот 2027–2031 година.
За капитални расходи се планирани 40,8 милијарди денари. Даночните приходи се проектирани на 223,1 милијарди денари, што претставува раст од 6,4 проценти. За социјални трансфери се предвидени 220,8 милијарди денари што е зголемување за 4,1 проценти, од кои 123,8 милијарди денари за исплата на пензии или раст за 4,8 проценти, согласно законското усогласување.
Во 2027 година, покрај финансирањето на буџетскиот дефицит кој е проектиран на 45 милијарди денари, државата има обврски и за сервисирање на долгот во износ од 124,6 милијарди денари. Од вкупните обврски за отплата 46,5 милјарди денари се за надворешен долг. Наредната година како што е познато за отплата е еврообрзницата од 500 милиони евра издадена во 2023 година. За финансирање на дефицитот и обврските планирано е домашно задолжување од 36,3 милијарди денари и дополнителни 60 милијарди денари за едногодишни државни хартии од вредност кои доспеваат за отплата и задолжување во странство од 86,8 милијарди денари.







Comments are closed for this post.