Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева донесе одлука, Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски нема да бидат изземени од случајот „Титаник 3“, како нејзини полномшници, дознава Независен од неофицијални извори од СЈО.

Јанева ја донесе оваа одлука откако судот и го испрати барањето на адвокатот Еленко Миланов, кој освен изземање на Јанева, како овластен тужител, побара изземање и на обвинителите кои го водат предметот.

Судот ќе ја соопшти одлуката попладнево. Во „Титаник 3“ осомничен е пратеникот Ејуп Аљими и Исмет Гури кои се товарат дека ја фалсифкувале волјата на гласачите.