Судијката Марија Клетничка реши специјалната јавна обвинителка Катица Јанева да одлучи дали обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски ќе бидат изземени од случајот „Титаник 3“, кој е еден од предметите на СЈО.
Адвокатот на одбраната Еленко Миланов на денешното рочиште побара изземање на двајцата обвинители, но и на Јанева, поради, како што рече, нивните меѓусебни конфронтаации, за кои била запознаена целата јавност.
Судијката Клетничка појасни дека за изземање на обвинителите надлежна е Јанева, а за нејзиното барање за изземање констатираше дека нема надлежен орган. Таа сега ќе и ја прати снимката од денешното рочиште на Јанева, по што таа треба да донесе одлука.
Во случајот „Титаник 3″ обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ, кои се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.
Comments are closed for this post.