Во Бугарија немало фашистичка партија на власт. Ако имало и ако е точна комунистичката теза дека СССР бил против „фашистите“, тогаш во текот на Втората светска војна Москва едвај би поддржала пријателски дипломатски односи со нашата држава. А, факт е дека ги поддржала, пишува за софиски „Фактор“ актуелниот европратеник и поранешен бугарски амбасадор во Македонија, Александар Јорданов.
Според него, вистинскиот фашизам-една партија, еден фирер, една војна-против демократијата, во Бугарија започнува по советската окупација и доаѓањето на власт на БКП. Тогаш, додава тој, започнува тој „наш фашизам според советскиот модел“.
Но, што значи „вистински фашизам“? Да не се правиме на удрено. Вистински фашизам значи вистински комунизам т.е. комунисти на власт. Бугарскиот фашизам се нарекува комунизам. Тој е опачината на демократијата. Кажано уште поедноставно-фашизмот и комунизмот се гас и гаќи, гол сјај во една бања. Само каде што комунизмот се боел со поразлична боја. И како се замислува едно време толку народ кај нас да станале комунисти? Голем фашизам имаше кај нас тогаш. Факт(!), пишува меѓу другото Јорданов.
Comments are closed for this post.