Генарелниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев за „Радио Слободна Европа“ нагласува дека во следниот период ниту еден начин на делување не е исклучен, во рамките на демократското однесување и демократските принципи и вредности.
Ниеден начин на делување, мислам на демонстрации, протести, протестни маршови, можеби блокирање на улици, блокирање на Парламентот, блокирање на институциите, значи буквално секој оној демократски начин на делување во моментов не се исклучува. Секако дека највисоките тела и органи на партијата, тука пред сè мислам на извршниот и на централниот комитет во следниот период ќе заседаваат и ќе одлучиме кој е најдобриот начин на делување за конечно симнување што е можно побрзо на оваа криминално-рекетарска влада-објаснува Јанушев.
Comments are closed for this post.