Пациент заразен со западнонилска треска е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје.
Д-р Билјана Даниловска од Центарот за јавно здравје Скопје, за МИА потврди дека случајот е лабораториски заведен во таа здравствена институција.
Првичните информации од клиниката велат дека е хоспитализиран 66-годишен пациент со воспаление на мозокот, кој се наоѓа во одделението за интензивна нега.
Comments are closed for this post.