Во Канада се спроведуваат последни подготовки за воведување во пракса на усвоениот закон за легализација на канабис, а на провинциите им е оставено до среда да ги утврдат правните детали за неговото спроведување.

Законот предвидува Канаѓаните во иднина да може да одгледуваат, поседуваат и консумираат марихуана во рекреативни цели. Деривати како производи за конзумирање, козметика и електронски цигари што содржат канабис нема да бидат легални до 2019 година.

Со оваа одлука, Канада ќе стане втората држава во светот што ќе го легализира канабисот, а нашето искуство од близу ќе го следат другите земји од Западот – изјави либералниот премиер Џастин Трудо.

Пред пет години Уругвај стана првата држава во светот што цеосно ја легализира рекреативната употрба на канабис.

Спорд очекувањата на економските експерти, ваквиот потег на економијата може да создаде од 816 милиони до 1,1 милијарда долари во четвртиот квартал од годинава.