Напаѓачот на Лос Анџелес Галакси, Златан Ибрахимовиќ, не преговара со Милан. Претходно беше објавено дека 37-годишниот шведски интернационалец може да се врати во овој клуб уште во јануари идната година.
Големиот Швеѓанец премина од Манчестер Јунајтед во Лос Анџелес Галакси во март 2018 и од тогаш игра фантастично, со 21 постигнат гол во 25 појавувања на теренот.
Ние не преговаравме со Милан за трансфер. Имавме многу средби со претставници на други клубови, но не со Милан, информира Мино Рајола, агентот на Ибрахимовиќ.
Претходно стратегот на Милан Паоло Малдини во изјава за медиумите рече дека постои шанса Златан повторно да заигра за росоњерите и тоа би можело да се случи уште во јануари идната година.
Швеѓанецот играше за Милан од 2010 до 2012 година. Како дел од Росонерите, тој стана шампион на Италија и го освои Суперкупот.
Comments are closed for this post.