Откриен е цртеж на Леонардо Да Винчи, скриен повеќе од 500 години под една од неговите најпопуларни слики „Богородица на карпите“, соопштуваат од Националната галерија во Лондон.
Експерти од Лондонската национална галерија го анализирале делото и откриле дека Леонардо го започнал, а потоа го оставил цртежот, пред да отпочне да го слика делото на кое му се восхитуваме со векови.
„Откриени се почетни потези кои прикажуваат ангел и Исус како бебе на сликата, како и отпечаток од раката на уметникот или асистентот“, пренесува СиЕнЕн.
Споредувајќи ја познатата слика со снимката под која се гледа цртежот, воочливо е дека „Леонардо го променил аголот на главата на бебето Исус и дека таа се гледа од профил, како и дека ги отстранил локните коса“.
Како што наведуваат стручњаците, се гледа дека Леонардо „отстапил од првичната композиција на двете фигури и дека ги подигнал, дека повеќе го открил лицето на ангелот и повеќе го доближил до Богородица.
Експертите од галеријата велат дека цртежот е откриен затоа што е работен со материјал кој содржи цинк, кој е видлив под икс-здраци како и со помош на нови хиперспектрални снимки.
Годинава се одбележува 500-годишнината од смртта на Да Винчи, уметник, научник и изумител, една од најтрајните фигури во светската уметност.
Comments are closed for this post.