Британската јавност е шокирана откако излегоа информации дека посетата на претседателот на САД, Доналд Трамп во јули ги чинела 18 милиони фунти.

Според пресметките трошоците за обезбедувањето на 10.000 полицајци чинеле многу пари на даночните обврзници и дека некој мора да сноси одговорност.

Револт е и поради тоа што Трамп за време на посетата посакал да оди да игра голф во Шкотска,со што морало да бидат ангажирани дополнителни сили.