Обдукцијата на милјардерот Џефри Епстејн покажа дека можеби не станува збор за самоубиство. Тој имал неколку скршеници на вратот што укажува на насилна смрт.
Меѓу коските во неговиот врат скршена е и подјазичната коска. Такви скршеници можат да се појават кај луѓе кои се обесиле или се удавиле .
Форензичарите велат дека сите детали ќе бидат познати по дополнителната обдукција но оти не смее да се исклучи дека станува збор за убиство а не како што првично се тврдеше самоубиство.
Епстајн стана познат во јавноста откако излегоа сомнежи дека на неговиот остров во Девствените острови подведувал малолетнички.
Comments are closed for this post.