Истражувачко здружение на студенти географи – „Природник” објави конкурс за геофотографија на тема „Пејзажи од селата во Македонија“ што ќе трае до 6 септември.
Здружението втора година по ред организира тематски геофотоконкурс насочен кон презентирање на убавините на Македонија. Идејата на тематските геофотоконкурси е преку фотографија да се запознаеме со убавините кои постојат во нашата земја и кои треба да ги промовираме, заштитиме и негуваме, наведуваат од здружението.
Право на учество имаат сите граѓани на Македонија, без разлика на возраст, пол, националност и верска припадност. Конкурсот трае од 12 август до 6 септември.
Сите пристигнати фотографии ќе бидат објавувани во заеднички албум на Фејсбук профилот на Истражувачкото здружение на студенти географи „Природник” по завршување на рокот на испраќање на фотографии.
Во период од 09.09.2018 година до 15.09.2018 година ќе биде овозможено секој да гласа за нив со „лајк“. Дваесетте фотографии кои до 15-ти септември ќе имаат најмногу гласови односно лајкови ќе бидат испечатени и изложени за време финалниот настан.
Членовите на комисијата за наградување од сите фотографии ќе одберат 3 победнички фотографии, чии автори ќе бидат наградени.
Победниците ќе бидат објавени на крајот од септември 2019 година, на веб-страната и фан страната на Истражувачкото здружение на студенти географи „Природник”, како и на завршна изложба.
Апликацијата односно фотографиите треба да бидат испратени на имејлот geofotokonkurs@gmail.com. Еден автор може да испрати најмногу 5 фотографии. Учеството опфаќа дигитални фотографии во боја, испратени преку е-маил (не принт, црнобели фотографии или панорама формати). Насловите на дигиталните фотографии мора да го содржат името на фотографот и името и бројот на фотографијата (1-5) (пример: ДаркоРистовски_СелоКрапа _1.jpg). Покрај фотографијата, во мејлот јасно треба да биде напишано името и презимето на авторот, наслов на фотографијата, линк до негово портфолио, веб-сајт и/или друг социјален медиум. Препорачан формат е JPEG/150dpi, со големина на фајлот која не надминува 20Мb. Фотографиите треба да содржат жиг или лого од авторот. Потребно е да содржат пејзажи од природата и селото (реки, околни планини, полиња итн.), а не е само градба. За секоја фотографија авторот задолжително треба да испрати текст од најмалце 250 зборови ( приказна ) за селото, карактеристики, име итн.
Предвидени се и награди. Прво место од Комисијата – сертификат за освоено прво место, сет на книги/карти од МГД, Штеки за планинарење, бесплатно годишно членство во ИЗСГ „Природник” за тековната година. Второ место од Комисија – сертификат за освоено второ место, сет на книги/карти од МГД, челна ламба, бесплатно годишно членство во ИЗСГ “Природник” за тековната година. Трето место од Комисија -сертификат за освоено 3то место, сет на книги/карти од МГД, термос, бесплатно годишно членство во ИЗСГ “Природник” за тековната година.
Фотографиите ќе бидат презентирани на веб страната на Истражувачкото друштво на студенти географи „Природник” – Скопје (www.izsg-prirodnik.com.mk) како и на официјалните профили на Здружението на социјалните интернет медиуми (facebook, Instagram ).
Фотографиите ќе бидат искористени во изработката на календар за 2020 година.
Comments are closed for this post.