Засега нема заразени луѓе со антракс, потврдуваат од Министерството за здравство. Инфективното заболување е потврдено кај овца од кичевскиот регион.
Последниот случај на појава на антракс во Македонија е евидентиран во 2015 година кај угинато говедо во селото Раовиќ, општина Сарај. Тогаш ова населеното место АХВ го прогласи за нов дистрикт на болеста антракс во Македонија, со што за нејзино искоренување потребна е задолжителна вакцинација на животните во наредните 20 години.
Антракс е бактериска инфекција предизвикана од организот „Bacillus anthracis“. Болеста најчесто се јавува кај домашните и дивите животни во Азија, Африка и делови на Европа. Бактеријата може да преживее во околината, на пример во земја, многу години.
Како антраксот делува на луѓе?
Постојат три видови на зараза кај човекот, во зависност од тоа како настанала инфекцијата: преку кожа, со инхалација и голтање. Во 95 отсто од случаите инфекцијата се добива преку кожа, главно преку директен контакт со кожа или тквиво од заразено животно.
Колку често се појавува?
Болеста меѓу луѓето е позната под името „црн пришт“, болест на оние кои работат со волна“. Но во ново време антраксот меѓу луѓето е невообичаен, со по неколку заразени преку кожа во последните десет години.
Заразата е вообичаена во земји каде болеста е честа меѓу животните, како земјите од јужна и југоисточна Европа, Азија и Африка.
Симптоми
Симптомите се појавуваат од 48 часа кај заразени со инхалација, се до, од 1 до 7 дена кај заразените преку кожа. Раното препознавање на антраксот може да биде отежнато бидејќи првите симптоми се слични со симптомите на останатите болести.
Кај заразените преку кожа најчесто се јавува на рацете, подлактите на главата и вратот. Обично се појавува само една рана, која по 2 до 6 дена се обликува во чир. Доколку не се лекува, заразата може да се прошири и да предизвика труење на крвта.
Како се лекува?
Заразата преку кожа може да се лекува со антибиотици. Смртноста е висока кај случаите кои се заразиле преку инхалација и голтање на антраксот, бидејќи успешното лекување зависи од раното откривање на болеста.
Comments are closed for this post.