Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје, од 6 часот вчера до 6 часот денеска спроведе контрола на брзина на движење на моторни возила, при што е утврдено дека 47 возачи ја пречекориле брзината во населено место и тие се соодветно санкционирани.
Како што соопшти МВР, откриени се и 48 останати прекршоци кои исто така се соодветно санкционирани.
Од 19 часот вчера до 1 часот по полноќ е спроведена контрола за прекршоци на возачи на мотори, при што се откриени 26 прекршоци, кои биле соодветно санкционирани. Исто така се откриени уште и 27 останати прекршоци. Синоќа од 23 часот до 5 часот изутрината е спроведена контрола за откривање возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што од страна на полициските службеници се констатирани четири прекршоци. Откриени се и 40 останати прекршоци.
Comments are closed for this post.