„Нема поголемо лицемерие од барањето на Заев правдата да излезе на виделина. Заев е жив фатен во криминал и тоа не прв пат и гледа само како да се спаси“, изјави на прес конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
Тој рече дека третото видео објавено во врска со случајот „Рекет“ целосно ги разголува премиерот Зоран Заев и обвинителката Катица Јанева.
„Од снимките станува јасно дека Зоран Заев е директно вмешан во уценувањето и изнудувањето на милионски износи со цел да се прави пазар со правдата, истакна Јанушев.
Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат ако сето ова го знаеле од обвинителството на Русковска и ако ова е дел од материјалите кои ги имаат како докази, зошто јавноста се манипулираа дека Зоран Заев прв пријавил.
Спореј портпаролот, материјалот објавен денеска посочува дека тој дури и да пријавил, тоа го сторил за да се спаси, бидејќи знаел дека постојат докази за неговата вмешаност во целата операција на Боки 13 и Катица Јанева и веројатно дал амин таа да се реализира.
„Во ваква ситуација останува сомнежот дека целата истражна постапка која наводно ја води обвинителството е една голема фарса која има за цел да ги заштити високите функционери кои се дел од криминалот. Да се остави толкав простор за уништување на доказите не е водење на истрага, туку уништување на истата.
Comments are closed for this post.