Нова снимка беше објавена утринава од италијанскиот весник „Ла Верита“ за случајот „Рекет“. Во неа, за прв пат се споменува името на премиерот Зоран Заев, додека Катица Јанева веќе отворено зборува на интерфон за случајот “Империја”, во кој првоосомничен е рекетираниот бизнисмен Јордан Камчев.
Во еден од разговорите се слуша како специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на Камчев му вели дека Лиле Стефанова, обвинителката која го води случајот „Империја“, е под нејзина контрола.
„Многу сум ангажирана затоа не ја држам така редовно под контрола, инаку без мене она не може ништо“.
Во друг од разговорите, Камчев загрижено на Боки 13 му кажува за повикување на сведови во постапка, на што жесники глас, за кој весникот „Ла Верита“ пишува дека е на Катица, дофрлува дека викнати се како сведоци, а не како осомничени, а се со цел додава женското лице, „за малку активности да има во април“.
По овој разговорот Камчев со женското лице се разбираат дека станува збор за техничко прашање, односно “шминка”.
На оваа аудио снимка за прв пат се споменува и името на македонскиот премиер Зоран Заев, каде Бојан Јовановски на бизнисменот Јордан Камчев му вели дека има договорено состанок со него.
„Знам што збори тој, знам што сум зборел со него за тебе, работи кој никој не ги знае“.
Comments are closed for this post.