Новиот додаток на Интер, Ромелу Лукаку го доби дресот со број 9 во неговиот нов тим. Белгиецот вчера го финализираше неговиот трансфер на „Џузепе Меаца“, откако италијанскиот клуб плати за него 80 милиони евра.
Досега, бројот му припаѓаше на Мауро Икарди. Овој потег на „нероазурите“ покажува дека нема шанси Аргентинецот да биде дел од составот на Антонио Конте.
Лукаку го заврши престојот во Англија со 113 голови на негова сметка, достигнување што го става на 19-то место на листата на топ-стрелци во Премиер лигата.
Напаѓачот „слета“ на Островот во тимот на Челзи во 2011 година, но забележа само десет натпревари пред да биде испратен во Вест Бромвич Албион.
По ново изнајмување во Евертон, имаше се случи постојан трансфер во тимот на „карамелите“. На „Гудисон“, Лукаку постигна 87 гола на 166 натпревари пред да премине во Манчестер Јунајтед
Comments are closed for this post.